Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
- Полициски службеници од ОВР Гевгелија, вчера во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково.

Скопје, 1 мај 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гевгелија, вчера во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково.
-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. дма/
Фото: МИА архива