• недела, 19 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 мај 2024 (МИА) - На 08.05.2024 во 11.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ќ.Х.(26) од Република Србија, затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана германска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 07.05.2024 во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во дворно место на ул. „Антон Панов“ во Нов Дојран била пронајдена експлозивна направа. На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна и која била безбедно подигната.

На 08.05.2024 во 18.10 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода И.Е.(35) од Република Албанија, затоа што при гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „мини купер“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, е евидентирано во оперативната евиденција по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка - Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

На 08.05.2024 во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

На 08.05.2024 во 17.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С.(56) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 08.05.2024 во 20.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес–с.Извор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.М.(44) од Велес и запрежно возило, управувано од Л.Ц.(64) од с.Извор, општина Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Денеска (09.05.2024) во 08.00 часот во Полициската станица Драчево, Л.Е.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ била касната од куче скитник. вг/

Фото: МИА Архива

 

 

Тагови

Остани поврзан