• сабота, 11 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Синоќа во 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Како што соопштија денеска од МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.04.2024 во 22.25 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(21) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.04.2024 во 13.20 часот во струшкото село Франгово, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Б.И.(50) од истото село и Р.Л.(40) од Република Албанија. Тие се сомничат дека во близина на село Франгово предизвикале пожар на земјиште со нискостеблеста вегетација во државна сопственост. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.04.2024 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ј.А.(26), кој претходно во водите на Охридското езеро на македонска страна е затекнат при незаконит риболов. За настанот е известен јавен обвинител, а со решение од полициски службеници при Регионален центар за гранични работи Запад изречена му е мерка забрана за влез во државата до 31.03.2025 година.

Во текот на вчерашниот ден (01.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 168 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири санкции за управување под дејство на алкохол...

На 01.04.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на место „Бадар“, патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 01.04.2024 во 11.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Д., констатирани во болницата во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На 01.04.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Карпош, В.В.(44) пријавил дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, тој и неговата мајка Р.В.(74), двајцата од Скопје, биле каснати од куче скитник.

На 01.04.2024  во 19.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Н.(77) од Скопје пријавила дека во паркот на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 01.04.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.В.(29) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Шар планина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.   цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан