• петок, 17 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Во Струмица денеска во 01.45 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од струмичкото село Василево, соопшти МВР. 

Тој бил фатен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.03.2024, полициски службеници од СВР Охрид расчистиле кражба во средно училиште во Охрид. Имено, С.Р.(19) од Охрид, ученичка во средното училиште била фатена при извршување кражба, при што од друга ученичка одзела пари. Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.03.2024 во 10.30 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и семки од растението канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (26.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, девет мерки за некористење сигурносен појас, 15 мерки за користење на мобилен телефон при возење...

На 26.03.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на Регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(35) од Гевгелија и патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од Нов Дојран. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „хјундаи“, Л.Ј.В.(57) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

На 26.03.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ со ул.„Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.С.(35) од Скопје и патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Скопје, по што едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 26.03.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локален пат во с.Радолишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“, управуван од малолетник од с.Велешта, струшко и товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

На 26.03.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Центар, Г.Г.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Стале Попов“ бил каснат од куче скитник.

На 26.03.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Н.С.(24) од Скопје пријавила дека на ул.„Крсте Асенов“ била касната од куче скитник.

На 26.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Карпош, Р.М.(75) од Гостивар пријавила дека на ул.„Никола Парапунов“ била касната од куче.  цр/

Фото: МИА архива

 

 
 

Остани поврзан