• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 13 април 2025 (МИА) - На 12.04.2025 година во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 18.00 часот во село Митрашинци, Беровско, на некатегоризиран пат, на место викано „Симоновски колиби“, И.Л.(64) од с.Митрашинци, управувајќи трактор излетал од патот и се превртел.

Поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 12/13.04.2025 на различни локации во Скопје, во одвоени случаи, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.А.(30) , А.П.Т.(28), М.М.(18), Н.П.(21), А.Ц.(31) и еден малолетник, сите од Скопје, како и Г.Г. (22) од Крива Паланка, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и еден нож (кај лицето М.А.)

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 12.04.2025 година полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на улица „Благоја Тоска“ кај лицето Е.Љ.(32) од Тетово, при што биле пронајдени и одземени шест паковки со кокаин и еден гасен пиштол.

При претресот во неговиот дом биле затекнати и лишени од слобода неговиот татко М.Л.(57) и неговиот брат А.Л.(29), а по нивно кажување Е.Љ. се наоѓал во странство. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Се работи на целосно документирање и расчистување на случајот.

На 12.04.2025 година во два одвоени случаи полициски службеници од СВР Тетово и од ПО Камењане ги лишиле од слобода Р.С.(40) од село Палатица, Тетовско, како и О.Ф. (43) од Тетово затоа што кај нив по извршен преглед била пројандена опојна дрога – кокаин.

Тие се задржани во полициски станици и по документирање на случаите против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 12.04.2025 година во два различни случаи полициски службеници од СВР Битола и од ОВР Прилеп, во Битола и во Прилеп ги лишиле од слобода лицата Х.Г.(21) и Б.С.(21) бидејќи при преглед кај Х.Г. била пронајдена грутчеста материја, како и лицето А.А. (42) кај кого бил пронајден амфетамин.

По документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На 13.04.2025 година во 01.15 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.М. (47) од село Пчиња, Л.С. (19) од Скопје и еден малолетник, затоа што во селото Студена Бара со остар предмет и огнено оружје им се заканувале на К.П.(24) и Б.Ѓ. од Студена Бара.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 12.04.2025 година во 19.30 часот во ОВР Крива Паланка Г.Д. пријавил дека од домот во село Дренак, Кривопаланечко, се оддалечил неговиот брат М.Д.(65).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Денеска (13.04.2025) во 01.22 часот во Полициското одделение Петровец, И.Г.(42) од село Кадино, Скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка Р.Г. (15) од село Кадино.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.04.2025 година во 15.20 часот во СВР Струмица, М.В. (70) пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата внука Ј.А. (10).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.04.2025 во 21.10 часот во СВР Скопје, А.П.(38) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Б.Ш. и М.Ш, кои потоа му го оштетило и неговото возило.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.04.2025 година во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17.30 часот во двор од куќа на подрачјето на Бит-пазар, нејзиниот малолетен син додека играл фудбал со другарчиња, удрил со топка повозрасна жена, која потоа физички го нападнала со метална шипка, нанесувајќи му повреда на главата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (13.04.) во 03.41 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода П.Ј.(22) од Штип.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле П.Ј. кој што управувал патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ - „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 12.04.2025 година во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар на покрив од станбена зграда лоцирана на улицата „Никола Тесла“ во Струмица.

Станарите биле безбедно евакуирани, пожарот бил изгаснат и повредени лица нема. Увид на местото на настанот во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.

На 12.04.2025 година во 23.45 часот во близина на Градската депонија во Гевгелија патролен тим од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода Б.О.(26) од Република Турција, откако претходно на улицата „Вардарски рид“ во Гевгелија тој на даден знак „стоп“ не застанал со возилото марка „киа спортаж“, сопственост на рентакар компанија од Скопје.

При извршен претрес, во возилото биле пронајдени шест лица – мигранти од Египет. О.Р бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител.

На ден 12.04.2025 година од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе во соработка со претставници од ДПИ, ДТИ, ДСЗ, каки претставници на локални институции извршена е контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на лицето А.К.

Притоа биле констатирани низа неправилности: неисполнување минимално технички услови за работа, непријавени вработени, непоседување на проценка, план, правилник и елаборат за заштита од пожари, немање систем за детекција за дојава од пожари, немање план за евакуација, немање хидранти и доволен број на ПП апарати согласно и друго.

Констатирано било и дека објектот е дивоградба односно нема градежна дозвола и се наоѓа на земјоделско земјиште. На сопственикот му е издадено решение за забрана користење на објектот. хс/

Фото: МИА архива 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан