• среда, 10 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Пријавената во текот на 2023 година узурпирала државно земјиште, а потоа, без да поседува одобрение за градба од надлежен орган, го оградила со железна конструкција.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.З.(68) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“.

На 17.06.2024 пријавениот во населбата Долно Грамаѓе го одзел клучот од патничкото возило на С.П., по што противправно го одзел и возило.

На 08.07.2024 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека при изведување на градежни активности од страна на ЈП „Комуналец“ на корито од река Драгор на бул.„1 Мај“ била пронајдена стара граната.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е безбедно подигната, при што е констатирано дека станува збор за артилериска граната со кал. 75 мм од Првата светска војна.

Денеска (09.07.2024) во 04.00 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден Д.Ј.(62) од Скопје.

Според пријавеното, тој се  здобил со тешки телесни повреди околу 01.00 часот, додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на општина Аеродром. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и известен бил трудов инспектор.

На 08.07.2024 околу 21.15 часот на регионален пат Тетово-Волковија, кај тетовска Брвеница, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(73) од тетовски Челопек, удрило во 87-годишната Р.А. од Брвеница.

Во несреќата Р.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Тетово. 

На 08.07.2024 во 13.39 часот во Полициска станица Пробиштип, Р.Ф.(46) од Пробиштип пријавил дека во круг на фабрика, додека извршувал работни задачи, пронашол експлозивна направа.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека станува збор за рачна бомба во кородирана состојба. Извршен бил увид од ОВР Пробиштип.   

На 08.07.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината 25-годишна ќерка биле физички нападнати од М.Т.(27) од Скопје, син на пријавителката.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.07.2024 во 10.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Лески“ со ул.„Богомилска“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“, управуван од Ч.Р.(73) и патничко возило „даеву матиз“, управувано од П.Г.(70), и двајцата од Штип, а двете возила со штипски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ч.Р., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.  

На 08.07.2024 во 10.40 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(28) од Скопје пријавила дека околу 06.30 часот, додека била на своето работно место на пункт од објект на јавно претпријатие на подрачјето на Драчево, нејзиниот колега И.А. од с.Ново Село се однесувал агресивно кон неа и ѝ се заканувал  со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 08.07.2024 во 21.00 часот во Полициска станица Кочани, Б.Ѓ.(60) и А.Ѓ.(33) и двајцата од Виница пријавиле дека околу 09.45 часот на кружниот тек во Кочани, биле физички нападнати од Г.С..

Во врска со случајот Р.Ѓ.(36) пријавил дека и неговиот малолетен син, исто така, бил физички нападнат од Г.С.. За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На 08.07.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во село Јосифово, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Н.(56) од Неготино и трактор „имт“ без регистарски ознаки, управуван од Р.Ч.(58) од село Јосифово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

На 08.07.2024 во 22.30 часот полициски службеници при ОВР Виница го лишиле од слобода П.Т.(32) од виничко, по претходна пријава дека физички ги нападнал неговиот дедо П.Т. и неговата 70—годишна невенчана сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.07.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(31) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во населбата Чаир во Скопје бил нападнат од К.Н., кој со остар предмет му нанел повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 08.07.2024 во 19.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар – Кичево, поточно на влез во каменолом во Гостивар, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(21) од Скопје, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

На 08.07.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.К.(40) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат И.К.(43) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и кој и претходно се оддалечувал од дома и бил враќан назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 08.07.2024 во 09.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат од место викано „Преодски ливади“ кон регионален пат пред место викано „Мездра“, М.Р.(66) од Р.Австрија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со австриски национални ознаки, изгубил контрола и паднал.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе. 

На 08.07.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје, Б.Ј. од Скопје пријавила дека околу 18.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром машко лице ја допирало по телото и ја бакнувало нејзината малолетна ќерка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.07.2024 во 08.45 часот во Полициско одделение Јегуновце, С.М.(69) од тетовско Жилче пријавила дека во селото била касната од куче скитник.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Е.(34) и С.Е.(35), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 22.04.2024 првопријавениот со неколку лица со тврди предмети го нападнале М.К.. 

Регионалниот центар за Гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Г.Д. (29) од с.Двориште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 12.05.2024 на место викано „Плоштицата“, пријавениот со моторна пила без одобрение извршил сеча на парцела на државна сопственост. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.С.(48) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 16.10.2023 полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловна пушка „СУХЛ“ кал. 12мм, 23 патрони со кал. 12мм, како и ловна пушка, сопственост на неговиот татко.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Л.(19) државјанин на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „злоупотреба на лични податоци“.

На 21.12.2023, малолетничка пријавила дека Х.Л. во текот на декември 2023, без нејзина согласност, прибавил експлицитни фотографии, а потоа со намера да се здобие со противправна имотна корист, ја уценувал дека ќе ги објави јавно, доколку не му даде пари. 

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.К.(47) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 27.04.2024 пријавениот преку социјалната мрежа „Фејсбук“, објавил коментар со заканувачка содржина. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“, додека против Е.А.(45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

На 25.06.2024 првопријавениот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата малолетна вонбрачна сопруга, а второпријавениот, кој е татко на малолетничката, дозволил неговата малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со првопријавениот. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против А.А.(33) од с. Лакавица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Пријавениот, на 06.09.2023 во атар на с. Беловиште, со ловечка пушка испукал два проектила, со кои усмртил два коња, сопственост на А.А. (57).

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(48) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“.

На 09.06.2024 пријавениот во неговиот дом, со закана извршил обљуба над Б.К., а целиот настан го снимил со мобилен телефон. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Д.(23) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 19.05.2024 во Прилеп, полициски службеник бил физички нападнат откако ги забележал првопријавениот и Б.С. на плац од фабрика со две туби со течност. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 17 – годишник и С.С.(18), двајцата од Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.

На 05.05.2024 пријавените, по претходна вербална расправија со С.С., го удриле со нож, а потоа физички го нападнале со тврди предмети. сст/

 

 

 

Остани поврзан