• вторник, 09 јули 2024

Возот Скопје-Битола поради прегазен човек на пругата кај Лисиче синоќа во велешката железничка доцнеше околу пет часа

Возот Скопје-Битола поради прегазен човек на пругата кај Лисиче синоќа во велешката железничка доцнеше околу пет часа

Велес, 9 јули 2024 (МИА) - Возот Скопје-Битола кој синоќа според возен ред од Железничката станица Скопје тргна  во 20,05 часот по  само 10- тина минути во несреќен случај прегази човек на пругата кај  булеварот „Србија “ кај железничката станица Лисиче, а  поради увидот од полицијата и јавен обвинител остана на местото на настанот повеќе часа.

Патниците кои се затекнаа во возот мораа да се снаоѓаат како знаат и умеат, некои се вратија пеш до железничката во Скопје, а потоа заминаа со   автобус или друг превоз до Велес, Прилеп и Битола, но  некои од патниците, главно  постари лица или мајки со мали деца, сепак, мораа да останат во возот и долго да чекаат.

Поради несреќата и увидот, наместо  во 21 часот по возен ред  на железничата станица во Велес возот пристигна со задоцнување од скоро 5 часа во 01,40 часот и го продолжи патот за Прилеп и Битола исто така со задоцнување од повеќе часа, информираат од Железничката станица во Велес.ад/

Фото: МИА архива

Остани поврзан