• среда, 19 февруари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 февруари 2025 (МИА) - А.Д.(23) од Скопје вчера во  20.40 часот во СВР Скопје  пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички нападнат од Г.К.(28) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Г.К. потоа ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода. Притоа, и А.М. физички ги нападнал полициските службеници, по што се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Денеска (16.02.2025) во 00.45 часот во СВР Скопје Н.С.(53) од Скопје пријавила дека на 15.02.2025 околу 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.02.2025 во 16.25 часот во СВР Скопје Г.Ѓ.(58) од Скопје, пријавил дека околу 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од И.Љ. и уште едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.02.2025 во 12.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.З.(48) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сестра З.Н.(51).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 15.02.2025 во 16.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, од Јавна установа за згрижување било пријавено дека бил пронајден нивниот штитеник Н.С.(13), кој на 13.02.2025 беше пријавен дека се оддалечил од домот.

Денеска (16.02.2025) во 01.00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле П.Л.(27) и Љ.С.(26), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.02.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Идризово, било пријавено дека околу 17.00 часот вработен во установата, бил физички нападнат од осуденикот Т.С..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.02.2025 во 16.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода И.К.(36) од Штип, по претходна пријава, дека околу 13.00 часот во семејниот дом, со тврд предмет физички го нападнала нејзиниот 69-годишен татко.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.02.2025 во 01.20 часот на патот Штип - Кочани кај село Чешиново, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од село Жиганци, општина Чешиново, затоа што кај него била пронајдена и одземена ловна пушка, која претходно ја одзел од домот на С.М. од с.Жиганци.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.02.2025 во 14.20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории кај Г.Ѓ.(42) од Гостивар.

При претресот биле пронајдени три шприца со течност, една дигитална вага, марихуана... Поради основано сомнение за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" од слобода биле лишени Г.Ѓ. и неговиот татко Ј.Ѓ.(69) од Гостивар.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок. хс/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Остани поврзан