• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се чистат одрони на патот Делчево - Пехчево – Берово

Се чистат одрони на патот Делчево - Пехчево – Берово

Делчево, 28 март 2025 (МИА) - Подружницата на Македонија пат информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево - Пехчево - Берово, екипи на претпријатието вечерва работат на нивно чистење. 

Одроните, како што соопштија, се најизразени на одредени делници кај селата Тработивиште и Истевник, заради што апелираа на внимателно возење на регионалниот пат.

- Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните, информираа од Македонија пат.

Претходно одрони се чистеа и на магистралата А3, која е дел од патот Делчево - Македонска Каменица - Кочани. вс/вј/

Фото: Македонија пат

Остани поврзан