• вторник, 14 април 2026

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало на површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“.

Акцијата, како што информираат од Општина Центар, е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар.

-Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. Континуирано чистиме и интервенираме за подобра јавна хигиена. Но, ова е и заедничка одговорност. Апелирам до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не фрлаат отпад на недозволени места- порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Службите на Општина Центар ги повикуваат граѓаните да пријавуваат диви депонии, со цел нивно навремено отстранување и спречување на загадувањето на воздухот, почвата и водата, што директно влијае врз здравјето на жителите. аа/вј/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан