Ѓорѓиевски на ифтарска вечера во скопски Сарај
- Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва присуствуваше на ифтарска вечера во скопски Сарај, организирана за верниците од исламска вероисповед.

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва присуствуваше на ифтарска вечера во скопски Сарај, организирана за верниците од исламска вероисповед.
-Вечерва, на мое огромно задоволство и на покана на советникот во град Скопје и претседател на ВМРО-ДПМНЕ од Сарај Мартин Стојановски, со мојот колега Борче Митевски присуствувавме на ифтарска вечера со нашите браќа од исламска вероисповед. Ми преставува чест што се собравме денес во време кога верниците од исламска вероисповед го слават месецот Рамазан и оваа ифтарска вечера претставува едно големо обединување за најдоброто што допрва доаѓа, изјави Ѓорѓиевски.
Посакувам, додаде, празникот да го дочекаат во добро здравје, хармонија и мир во душата.
-Заедно да славиме, нашите и нивните празници, да си подадеме рака бидејќи сите подеднакво го споделуваме секојдневието и реалниот живот, истите проблеми и предизвици. Заедно да градиме иднина за сите бидејќи Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто, посочи Ѓорѓиевски.вј/нд/
Фото: Општина Кисела Вода