• сабота, 04 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - По преземени мерки и активности, на 02.04.2024 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Е.(42) од село Орланци, општина Арачиново. Тој се сомничи дека на подрачјето на ОВР Кавадарци извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“. Н.Е. е задржан во полициска станица и во службен разговор тој признал шест кривични дела „тешка кражба“, кои ги извршил во правни лица, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Вчера во 16 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.К.(23) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден гасен пиштол. А.А.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Велес, до Основно јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.С.(41) од село во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, казниво по член 130 и „запуштање и малтретирање на дете“, казниво по член 201 од Кривичниот законик. На 03.04.2024, пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, А.С. подолг временски период физички и психички го малтретирал семејството, воедно и неговите малолетни ќерка и син ги принудувал да просат. На 03.04.2024 тој е лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријава. 

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Б.(55) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од кривичниот законик. При контрола извршена во товарно возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки кое го управувал пријавениот, извршена на 13.12.2023 на улица „11 Септември“ во Кичево, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 3058 парчиња различни пиротехнички средства.  

 

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2024) во периодот од 10 до 16 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 175 пешаци од кои, 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.

 

На 03.04.2024 околу 12 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улица „Боро Хаџиески“ во Струга, електричен тротинет, управуван од Н.Д.(45) од Струга, удрил во јажето со кое патничко возило „фиат“со струшки регистарски ознаки, управувано од И.И.(44), влечело патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(47), двајцата од струшкото село Велешта. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото ивршила екипа на ОВР Струга.

 

Вчера во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 24 пешаци ( ТЕ-11 и ГВ-13). Најголемиот број од пешаците 22 (ТЕ-9 и ГВ-13) ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а 2 (ТЕ) не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација. На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 2 (ГВ) други видови на сообраќајни прекршоци.

 

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Д.(48) од Скопје затоа што околу 09:30 часот со остар предмет ги искршил стаклата од филијала на една банка на подрачје на општина Аеродром. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.  

 

Денеска во 02:40 часот во СВР Скопје, 46 - годишна жена пријавила дека на 03.04.2024 околу 20:30 часот во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината мајка В.П.(67), која употребила и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска во 05:40 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 03.04.2024 околу 23 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот татко Д.Ј.(64) од Куманово, кој оштетил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска во 01:20 часот во СВР Скопје, К.Р.(46) од Скопје пријавил дека на 03.04.2024 околу 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија на социјална мрежа, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Вчера во СВР Скопје, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека на 01.04.2024  околу 21 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот брат К.М.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.04.2024 во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Кадино, општина Илинден, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Х.(47) и Б.К.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 03.04.2024 во 17:50 часот во СВР Скопје, В.Г.(54) од Скопје пријавил дека околу 16:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

              

На 03.04.2024 во 20:06 часот во СВР Скопје, П.Д.(32) од Скопје пријавил дека околу 18 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Вчера во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање за паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Б.(37) од една страна и Б.К.(50), Б.К.(18) и Д.С.(19) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

Вчера во 19:12 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на една од клиниките починал А.Г.Г.(63) од Велика Британија, кој престојувал во хотел во Скопје. Според пријавеното, на 01.04.2024 во 23:28 часот тој бил донесен во клиникита во тешка здравствена состојба, а на 03.04.2024 починал. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.  

 

На 03.04.2024 во 14:30 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.И.(55) од село Инџиково, скопско, пријавил дека во село Јурумлери, скопско, бил каснат од куче скитник.

 

На 03.04.2024 во 20:45 часот во Полициската станица Чаир, С.Б.(30) од Скопје пријавил дека на улица „Јадранска магистрала“ бил каснат од куче скитник.

 

На 03.04.2024 во 19:45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Т.(62) од село Орман, скопско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Џ.Д.(40) од село Преглово, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 16.03.2024 на шумски пат кон село Преглово, полициски службеници го затекнале пријавениот со натоварени нежигосани огревни дрва за кои не поседувал документација за сеча и транспорт.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Ј.(20) и Л.Ј.(54), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 29.03.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на две лица, при што пронашле и одзеле марихуана за која било утврдено дека ја набавиле од пријавените. Подоцна, полициски службеници извршиле претрес на две локации кои ги користат пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин и дигитални ваги.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.К.(56) од село во гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, вработен во фирма за брз трансфер на пари, овозможил на лице од Гостивар со туѓа лична карта да подигне пари испратени преку брз трансфер на пари, претставувајќи се како негов роднина.свс/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан