• недела, 22 декември 2024

Бочварски: Работите на првата делница од патот Градско-Прилеп завршени над 90 проценти

Бочварски: Работите на првата делница од патот Градско-Прилеп завршени над 90 проценти

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - Носителот на кандидатската листа на коалицијата предводена од СДСМ во Четвртата изборна единица Венко Филипче објави видео на кое заедно со министерот за транспорт и врски возат по новиот пат Градско-Прилеп.

Во видеото, министерот Бочварски информира дека работите на првата делница од Градско до Дреново се завршени над 90 проценти, а на втората делница до 80 проценти поради комплексноста на теренот. 

- Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98 проценти од сите количини на асфалт, вели Бочварски, додавајќи дека првата делница може да се пушти до септември.

Според Филипче, на истокот на државата направена е револуција со патиштата. бак/

Фото: Принтскрин

 

 

Остани поврзан