• недела, 23 јуни 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) На 23.06.2024 во 03.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Н.Т.(37), Л.З.(42), двајцата од Радовиш и П.М.(27) од село Моноспитово, Струмичко, затоа што при преглед кај нив, кај Н.Т. била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 22.06.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(25) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.06.2024, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово ја лишиле од слобода С.М.(50) од Тетово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка и пари. С.М. била приведена во полициска станица, додека нејзиниот син Б.М.(21) го напуштил местото. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 22.06.2024 во 08.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид - Струга, на место викано „Оровничка плажа“, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(35) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот Б.В.(32) од Тетово, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 22.06.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-1208, во близина на с.Калишта, Струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(42) и мотоцикл со струшки регистарски ознаки управуван од Р.Н.(28), двајцата од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П.(27) од Струга, сопатничка на мотоциклот, додека мотциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

На 22.06.2024 во 20.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Охридска“ во Битола, Н.К.(58) од Битола, управувајќи мопед марка „априлија“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 22.06.2024 во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, патничко возило удрило во мотоцикл „баотиан“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од Штип, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Денеска (23.06.2024) во 00.25 часот во Полициската станица Аеродром, А.А.(49) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник.

На 22.06.2024 во 10.30 часот во Полициското одделение Петровец, К.П.(31) од нас.Илинден, скопско пријавил дека на ул.„19“ во нас.Илинден бил каснат од куче скитник.

На 22.06.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Чаир, О.Б.(21) од Скопје пријавила дека на ул.„Бутелска“ во Скопје била касната од куче скитник. мд/

Остани поврзан