• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 11 април 2022 (МИА) – Полициски службеници од СВР Куманово, денеска во 11.00 часот, го лишиле од слобода Р.Р.(26) од Куманово. Лицето се сомничи дека извршил кражба во објект на јавно претпријатие во село Проевце и во деловен објект на улица „Иво Лола Рибар“ од каде одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Вчера полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје и расчистиле разбојништво и тешка кражба. Во присуство на родител и адвокат сo него бил извршен разговор и тој признал дека на 29.03.2022 во автобус на ЈСП со закана со остар предмет од друг малолетник одзел мобилен телефон и ранец. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот. Исто така, тој признал дека на 25.03.2022 извршил кражба во стан на Ѓ.Н. и одзел пари, мобилен телефон и други предмети. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот. По целосно документирање на случаите против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Денеска во периодот од 08 до 13 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле засилени контролни мерки на обврските на возачите кон пешаците, во кои биле откриени и санкционирани вкупно 35 прекршоци (ТЕ-28 и ГВ-7). При контролата, исто така, санкционирани се и 8(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на Куманово изречени се вкупно 66 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 13 за возење под дејство на алкохол, 12 за  прекршоци што ги прават пешаците и четири санкции за возачи кои не даваат првенство на пешаци. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.Б.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во својство на директор на Општинско средно училиште во Кичево, во повеќе наврати ја кршел работната дисциплина со неоправдано отсуство од работа по три последователни работни дена и се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 1.694.379 денари и на неколку професори од школото им овозможил да се стекнат со вкупна противправна имотна корист од 3.673.532 денари. Денеска околу 10:15 часот во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Северна Македонијa“ пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 15:20 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(19) од Скопје пријавил дека во 15:15 часот на неговото работно место во спортска обложувалница на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од пет лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.04.2022 околу 23:15 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во Спортски центар „Борис Трајковски“, за време на концерт, по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Л.П.(29) од Куманово и И.Е.(27) женско лице од Струмица, при што Д.Л.П. ја турнал и В.Т.Е.(51) од Струмица. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот з апрекршоците против јавниот ред и мир. На улица „Андреја Петковиќ“ вчера во Скопје, полициски службеници од Потраги при Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево ја пронашле М.П.(17). Претходно на 09.04.2022 М.П.(17). била пријавена дека се оддалечила од дома. На 10.04.2022 во 16:45 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека од Државен училишен центар за образование и рехабилитација на подрачје на Гази Баба се одалечила Х.С.(19) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 10.04.2022 во 18 часот во Полициско одделение Шуто Оризари, С.М.(52) од Скопје пријавила дека од домот се оддлачил нејзниниот син О.М.(26), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 10.04.2022 во 13:52 часот во Полициската станица Карпош, Ш.А.(44) од Скопје пријавил дека во дворот од неговата куќа, пред влезната врата, пронашол неексплодирана рачна бомба. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.04.2022 во 10:02 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Благоја Паровиќ“ настанал пожар во зграда, при што била зафатена кровната конструкција од зградата. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат и повредени лица нема. Увид бил извршен. свс/дма/

Остани поврзан