• петок, 26 април 2024

Марка: Меси одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ на една сезона

Марка: Меси одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ на една сезона

Париз, 30 март 2023 (МИА) - Лионел Меси одлучи да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен, објави „Marca“.

 

Според шпанскиот весник, 35-годишниот Аргентинец ќе го продолжи договорот со парискиот клуб до 2024 година, а на крајот од следната сезона ќе се пресели во МЛС-лигата каде ќе потпише договор Интер Мајами.

 

Меси верува дека преселбата во Северна Америка ќе му овозможи подобро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

 

Актуелниот договор на напаѓачот со ПСЖ е до крајот на оваа сезона. Оваа сезона има 32 настапи за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и 17 асистенции. зс/

Остани поврзан