• недела, 22 декември 2024

Раул: Тажен сум кога гледам што се случи со Шалке

Раул: Тажен сум кога гледам што се случи со Шалке

Гелзенкирхен, 25 април 2024 (МИА) - Легендата на шпанскиот фудбал и Реал Мадрид, Раул Гонзалес вели дека никогаш нема да го заборави периодот кога го носеше дресот на Шалке 04.

Раул е една од најголемите легенди на Реал Мадрид, тој беше капитен и еден од најдобрите стрелци во историјата на кралскиот клуб. Вкупно за првиот тим на Мадрид настапуваше 16 сезони.

На крајот од кариерата, тој помина две години во Бундеслигата, играјќи за Шалке, еден од најпопуларните германски клубови.

Со тимот од Гелзенкирхен во 2011 година го освои Купот на ДФБ, Суперкупот на Германија и играше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Шалке беше еден од најдобрите германски и европски тимови во тоа време. За жал, денес овој клуб е далеку од тоа ниво. Моментално се бори за опстанок во втората лига (Цвајт).

-Го носам тој клуб во моето срце. Ме прави тажен кога гледам што се случи со Шалке и неговите прекрасни навивачи, изјави Раул Гонзалес.

Шпанецот одигра вкупно 98 натпревари и постигна 40 гола за клубот од Гелзенкирхен од 2010 до 2012 година. дс

Фото: Принтскрин

Тагови

Остани поврзан