• петок, 03 мај 2024

Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата

Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата

Казан, 25 април 2024 (МИА) - Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ е прогласен за МВП во ВТБ лигата за сезоната 2023/24 .

Димитријевиќ одигра 35 натпревари за Уникс во регуларниот дел од сезоната, имаше просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скокови и 1,3 украдени топки.

Уникс првпат заврши на првото место во регуларниот дел од сезоната, а во одлучувачкиот меч за првото место против ЦСКА Москва, Димитријевиќ постигна дури 40 поени.

-За мене е голема чест да ја добијам наградата за МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ Јунајтед Лигата 2023/24. Оваа година победивме на многу возбудливи натпревари и победивме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим УНИКС, на стручниот штаб предводен од Велимир Перасовиќ, на медицинскиот персонал и на нашите верни навивачи. Но, мојата најголема благодарност оди до моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч, изјави Димитријевиќ. дс

Фото: Твитер

Остани поврзан