• понеделник, 06 мај 2024

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид на почетокот на февруари

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид на почетокот на февруари

Париз, 5 февруари 2024 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид во првата недела од февруари 2024 година, пишува „Марка“. Договорот на Французинот со мадридскиот клуб е на пет години.

Мбапе одбил бонус од 80 милиони евра за верност од ПСЖ за да премине во Реал Мадрид. Тој изјави и дека својата иднина ќе ја соопшти пред почетокот на Европското првенство во 2024 година.

Во оваа сезона Мбапе одигра 39 натпревари на кои постигна 39 голови и 8 асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра.дс

Фото: Архива

Остани поврзан