• вторник, 14 мај 2024

Лопетеги ќе го преземе Вест Хем, Баерн беше заинтересиран за тренерот

Лопетеги ќе го преземе Вест Хем, Баерн беше заинтересиран за тренерот

Лондон, 6 мај 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски стручњак Хулен Лопетеги ќе го преземе Вест Хем.

Информацијата за преземањето Лопетеги на тренерската функција на „чеканите“ од следната сезона, објави новинарот на „Гардијан“, Џејкоб Стајнберг. Според него страните постигнаа договор, останува само да се потпише договорот.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани Лопетеги, но самиот тренер повеќе сакал да работи во Англија.

Вест Хем по 36. кола од тековната сезона во Премиер лигата освои 49 бодови и се наоѓа на 9. место во поредокот. 

Сегашниот тренер на премиерлигашот од Лондон, Дејвид Мојс ќе го напушти клубот по крајот на сезоната. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан