• понеделник, 13 мај 2024

Кливленд го оствари најголемиот камбек во „мајсторка“ од НБА плејофот по 1997 година

Кливленд го оствари најголемиот камбек во „мајсторка“ од НБА плејофот по 1997 година

Кливленд, 6 мај 2024 (МИА) – Екипата на Кливленд кавалирс имаше негатива од 18 поени во првото полувреме од седмиот натпревар од нивната плејоф серија со Орландо меџик. Кливленд губеше 31:49 на 4 минути до крајот на втората четвртина, но успеа да ја надмине негативата и да го добие натпреварот со резултат 106:94.

Кавалирс го направија најголемото враќање во седми натпревар од плејоф серија на најсилната кошаркарска лига на светот по 1997 година.

Тимот предводен од тренерот Џеј Би Бикерстаф се пласираше во второто коло од плејофот за прв пат од 2019 година.

Во четвртфиналето од разигрувањето за шампионскиот трофеј, ривал на Кливленд ќе биде тимот на Бостон селтикс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан