• петок, 22 ноември 2024

Осум каратисти на Макпетрол ќе учествуваат на Европскиот шампионат во Хрватска

Осум каратисти на Макпетрол ќе учествуваат на Европскиот шампионат во Хрватска

Скопје, 6 мај 2024 (МИА) - Осум членови на карате клубот Макпетрол ќе се натпреваруваат на најсилниот турнир на континетот што ќе се одржи во Задар од 8 до 12 мај. Тие изминативе денови одржаа интензивни подготовки во Струга, а по нивното успешно комплетирање, заминаа за Хрватска.

Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.) За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ.

Сите горенаведени натпреварувачи, кои ќе настапат во поединечна конкуренција за македоднската препрезентација се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар.

- Во реализацијата на програмата за успешна подготвеност, нашите сениори од самиот почеток на годината, учествуваа на сите највисоко рангирани првенства и светските карате премиер лиги. Завршните подготовки, исто така, се многу значаен сегмент за правилно темпирање на формата, како финален дел од планот за подготвеност на спортистите за овој шампионат. Со малку спортска среќа, која секогаш е неопходна, очекуваме да имаме и добар настап на ова највисоко рангирано континентално првенство за оваа година, изјави Бошко Заборски, тренер на Макпетрол.

На Европското првенство во Задар, пријавени се 600 спортисти од 50 држави. зс/

Фото: КК Макпетрол

Остани поврзан