• понеделник, 13 мај 2024

Манифестација „Го градам мојот град“

Манифестација „Го градам мојот град“

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Детски културен центар „Карпош“ денеска ќе се одржи манифестацијата „Го градам мојот град“ со учество на деца од предучилишните установи во главниот град.

-Манифестацијата „Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот  и неговото значење. На овој ден, децата од скопските градинки од различни природни и други материјали по свој избор ќе прават објект - макета на некое значајно обележје на Скопје,  најавува организаторот на манифестацијата,  Детскиот културен центар „Карпош“.  љм/

Фото: Детски културен центар „Карпош“
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан