• понеделник, 25 ноември 2024

Мисајловски: Економијата како столб на новата влада, борба против корупција, да направиме подобро утре се дел од темелните принципи за кои се разговара со Вреди

Мисајловски: Економијата како столб на новата влада, борба против корупција, да направиме подобро утре се дел од темелните принципи за кои се разговара со Вреди

Скопје, 13 мај 2024

Главна особина помеѓу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди треба да бидат темелните принципи и вредности како да направиме подобро утре за секој граѓанин, точно и како да стигнеме побрзо до ЕУ, но без ултиматуми и да се почитува волјата на македонскиот народ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „360 степени“ на МРТ.

Мисајловски посочи дека на средбата со Вреди првично се разговарало за темелните принципи, а потоа ќе следат кадровски решенија и се останато. 

- Со Вреди зборувавме за првите принципи, а тоа пред се борбата против корупцијата, економијата како столб на новата влада, зборувавме за оние предизвици кои следат, ЕУ интеграциите и како да се создаде  партнерски однос.  Ние сме спремни да се почитува волјата на граѓаните и ако сакаме да градиме пријателство треба овие принципи да бидат темел, а потоа да се разгледаат сите прашања, рече Мисајловски.

Мисајловски додаде дека исто така е важно коалицијата да се пронајде и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како во делот на инвестиции, здравство, економија и така натаму.

Во однос на уставните измени, Мисајловски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе си го одржи ветувањето заради кои и народот ја даде довербата.

- Нашиот став е постојан и ние кажуваме дека македонскиот народ треба да добие нешто плус и да не се чувствува дека е понижен.  Со преземање на обврската СДС и ДУИ да потпишат таков договор тие го понижија македонскиот народ, а македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаат тоа. Треба да седнеме да разговараме и со новата влада во Бугарија да најдеме начин како човековите права и на Македонците да не бидат загрозени, знаете дека ни македонска невладина не може да се отвори во Бугарија.  Навистина сакаме да бидеме членка во ЕУ, но со овој договор се понижува македонскиот народ и ова е едно од главните прашања.  Нема да го смениме ставот од денес до утре бидејќи сме ветиле пред граѓаните, македонскиот народ да добие нешто плус, изјави Мисајловски.
 

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан