• недела, 22 декември 2024

Телефонски разговор Ципрас-Заев, истакната важноста на почитувањето на Договорот од Преспа

Телефонски разговор Ципрас-Заев, истакната важноста на почитувањето на Договорот од Преспа

Атина, 13 мај 2024 (МИА) – Важноста што ја имаат доследното придржување до Договорот од Преспа и соработката на двете земји, како за европската перспектива на Северна Македонија, така и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во период на големи тензии во регионот, ја истакнале поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Северна Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион. ср/вг/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан