• четврток, 16 мај 2024

Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо ќе го бодрат ФК "Вардар"

Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо ќе го бодрат ФК
Дебар, 1 април 2023 (МИА) - Навивачката група „Комити” на фудбалскиот клуб Вардар изготви две знамиња со имињата на Мала Преспа и Голо Брдо во боите на Вардар, јави весникот „Македониум".
- Во соработка со единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, знамињата им се предадени на Македонци со потекло од Мала Преспа и Голо Брдо кои што живеат и студираат во Скопје, и ќе ги носат со себе на сите натпревари каде што ќе играат фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар, наведува весникот.
Додава дека деновиве од навивачката група „Комити”, знамињата ги добиле  активисти на МАЕИ предводени од членот на Извршниот комитет на партијата, Јани Колефски.
-При таа прилика заедно се дружеа и навиваа за фудбалскиот клуб Вардар, наведува „Македонија". вт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан