• четврток, 04 декември 2025

Изгореа дел од кровна конструкција од куќа и помошна просторија во Кавадарци 

Изгореа дел од кровна конструкција од куќа и помошна просторија во Кавадарци 

Кавадарци, 14 август 2025 (МИА) - Изгореа дел од кровна конструкција од куќа и помошна просторија во Брушан маало, во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврдија од Територијалната противпожарна единица, која веднаш заминала на лице место по дојавата и интервенирала со пет пожарникари и две противпожарни возила. 

- Пожарникарите реагираа брзо и спречија огнот да се прошири на околните објекти бидејќи станува збор за густо населено маало и куќи што се многу блиски едни до други, рекоа очевидци за МИА. 

Засега нема повеќе детали околу вечерашниот пожар. свд/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан