• сабота, 18 мај 2024

Македонски и бугарски ликовни уметници на креативен настан во Пловдив

Македонски и бугарски ликовни уметници на креативен настан во Пловдив
Софија, 25 август 2022 (МИА) - Ликовни уметници од Северна Македонија и Бугарија од утре до 31 август ќе учествуваат на креативен настан насловен „Споделено во боја“, во организација на средното уметничко училиште „Цанко Лавренов“ од бугарскиот град Пловдив. Учесниците на настанот, Ангел Китипов, Вања Гоџелова, Георги Иванов (Жорж Трак), Марија Трпеска, Петар Чучулигов, Полина Тодорова, Светлозар Чавдаров, Стефан Анчевски, доц. д-р Стојан Дечев и асистент д-р Јулијан Станкулов, ќе имаат можност да сликаат во специјализираните ателјеа на „Арт резиденс центарот“ на фондацијата „Тракарт-2000“ или на интересни локации во градот Пловдив. Според Полина Тодорова, меѓу главните очекувани резултати на настанот е размена на искуства и идеи и споделувањето на иновативни и добри и работни практики применливи во образовниот процес. Идејата е настанот да стане традиционален и на него да се канат уметници со педагошко искуство за да споделуваат креативни иновации, но и класични и современи методи во подучувањето на учениците. Дел од насликаните дела ќе станат сопственост на уметничката галерија на училиштето „Цанко Лавренов“, со што би се проширила постојната колекција на негови дела од истакнати бугарски и странски автори. Настанот ќе заврши со групна изложба што ќе биде отворена на 31 август во културниот центар „Тракарт“ во Пловдив. сп/нд/

Остани поврзан