• сабота, 18 мај 2024

Кузеска: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ

Кузеска: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ

Скопје, 30 јануари 2024

 

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ.

Паднаа во вода сите изјави на Мицкоски, драматизирања, лажни обвинувања.

Целата јавност добро се сеќава на изјавата на Мицкоски од лидерската средба.

Прифаќаше се’ под единствен услов: ДУИ да не биде дел од Владата.

Еве денеска, ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ.

Мицкоски излажа.

Министрите на ДПМНЕ денеска не знаеа што да прават, дел присуствуваа на конститутивната седница на техничката Влада, дел побегнаа.

Но, како и да е, одлуките на конститутивната седница поминаа едногласно.

Суштината секако не е во тоа дали министрите од ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери туку зошто беа сите лаги и лажно креирани драми во општеството.

Нека излезе сега пишман аџијата Мицкоски и нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови:

Зошто ја проблематизираше техничката влада кога на крај влезе во Влада со ДУИ?

Чуму ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа за техничката Влада?

Кому му служат овие незрели и политички уникатни чекори што ги нема на ниту едно место во светот.

Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука, дефинитивно не знае  што со себе, ниту со партијата.

Почитувани граѓани,

Манипулацијата и лагата се белег на ДПМНЕ и Мицкоски.

Ништо не е променето во ДПМНЕ. Во оваа партија едно се говори, друго се мисли, трето се прави.

На Мицкоски не може да му се верува.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

видео : СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан