• понеделник, 20 мај 2024

Крводарителска акција со полицијата и граѓаните во Делчево

Крводарителска акција со полицијата и граѓаните во Делчево
Делчево, 2 јуни 2022 (МИА) - Во две одделни акции денес во Делчево се даруваше крв. Првата крводарителска акција се реализираше со припадниците на МВР, додека во втората учествуваа граѓаните, информираа од Општинската организација на Црвен крст Делчево. -Организацијата беше одлична, имавме одлична бројка на крводарители. Ги повикуваме и останатите на некоја од наредните акции сите што се чувствуваат здрави да дојдат, да даруваат и да спасат човечки живот, истакна доктор Јетон Чиче од Институтот за трансфузиона медицина кој ја реализираше акцијата. Освен припадници на Полициската станица Делчево и вработени во Регионалниот центар за гранични работи Исток, денеска крв даруваа и поголем број средношколци, кои за првпат ја покажаа својата хуманост. По првата половина од годината, од Општинската организација на Црвен крст Делчево соопштија дека крводарувањето се одвива согласно вообичаената динамика, потенцирајќи дека половина од годишниот план за крводарување е исполнет. Следната крводарителска акција во Делчево е закажана на почетокот на јули годинава. вс/вј/

Остани поврзан