• недела, 21 јули 2024

Во Кавадарци со парада со противпожарни возила одбележан Денот на пожарникарите 

Во Кавадарци со парада со противпожарни возила одбележан Денот на пожарникарите 

Кавадарци, 20 мај 2024 (МИА) - Вкупно 14 моторни возила специјализирани за противпожарна заштита се движеа по кавадаречки улици со пуштени светлосни и звучни сигнали, на тој начин беше одбележан денешниот ден на пожарникарите. Настанот беше организиран од Територијалната противпожарна единица. 

Командирот на единицата Александар Чадамов потсети дека освен што гасат пожари, имаат и други технички интервенции, како тие при сообраќајни несреќи. 

- Го формиравме и доброволното противпожарно друштво „Сашко Гешовски“,  заеднички работиме на едукација на најмладите и учениците од основно и средно образование,  околу превенцијата и противпожарната заштита, но и околу  елементарните непогоди. Опремени сме добро, рече Чадамов.

Градоначалникот Митко Јанчев потсети дека е зголемен бројот на професионални пожарникари и сега ги има триесетина, а се осврна и на соработката со другите субјекти на полето на противпожарната заштита. 

- Горд сум на пожарникарите, подвлече Јанчев, нагласувајќи дека континуирано се подобруваат условите за нивната работа. свд/мд/

Фото: МИА 

 
 

 

Остани поврзан