• сабота, 21 декември 2024

Штипскиот градоначалник им додели признанија на учесниците на фестивалот „Весело штурче“

Штипскиот градоначалник им додели признанија на учесниците на фестивалот „Весело штурче“

Штип, 30 септември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска свечено им ги додели признанијата на дечињата кои учествуваа на 30. јубилејно издание на детскиот фестивал „Весело штурче“. Градоначалникот на сите учесници им додели дипломи и посочи дека фестивалот за деца „Весело штурче“ претставува бренд на градот Штип. Годинава на фестивалот се испеаја  21 нова композиција, а настапија 25 дечиња, десет во хор, а четири дечиња беа дел од бендот.

-Успеавме да го возобновиме после долги години овој фестивал и еве годинава да одбележиме 30 години од постоењето на „Весело штурче“. Сите ние сме растеле со песните на „Весело штурче“ и сигурен сум дека овие песни, кои годинава се испеани, навистина создадовме едни вредности и ги насочуваме и го трасираме патот на младите дечиња кои што учествуваат на фестивалот да се сретнат со сцената со публиката и да се вљубат во музиката, рече Јорданов.

Филип Стевановски директор на фестивалот „Весело штурче“ вели дека 30. јубилејно издание создаде нови спомени во срцата на младите музичари.

- Со овој настан ќе го затвориме 30. јубилејно издание на „Весело штурче“. Имаше 21 нова композиција, настапија 25 дечиња, 10 дечиња во хор и 4 дечиња кои беа дел од бендот на „Весело штурче“, посочи Стевановски.

 орданов истакна дека локалната самоуправа секогаш ќе дава поддршка на вистинските вредности и на оние кои што се вложуваат. вдј/са/

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан