• понеделник, 04 ноември 2024

Коњуфца: Меѓусебното признавање на Косово и Србија треба да биде суштински дел од конечниот договор

Коњуфца: Меѓусебното признавање на Косово и Србија треба да биде суштински дел од конечниот договор

Приштина, 26 март 2024 (МИА) – Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека дијалогот со посредство на Европската Унија меѓу Косово и Србија е предуслов за напредок на двете земји, но и важна компонента на регионалната соработка, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница на собраниската Комисија за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Косово, Коњуфца рече дека меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија треба да биде суштински дел од конечниот договор меѓу двете земји.

- Сметаме дека само взаемното признавање меѓу Косово и Србија е суштински дел од конечниот договор како предуслов за напредок на двете земји, нагласи Коњуфца.

Спикерот на косовското Собрание изјави дека барањето на Косово за членство во ЕУ било и продолжува да биде историски момент.

- Забрзувањето на процесот за членство е императив. Ние не бараме нефер процедури од ЕУ, бараме само стриктни процедури засновани на правдата и нашите права. Ги повикуваме земјите-членки да дадат приоритет особено на проширувањето и да ги понудат можностите што се нудат за целиот наш регион, рече Коњуфца, порачувајќи дека Приштина ја цени улогата на ЕУ во промовирањето на регионалната соработка и поддршката на владеењето на правото и човековите права. иа/ссм/

Остани поврзан