• недела, 22 декември 2024

Бајден го потпиша законот за привремено финансирање на федералните агенции

Бајден го потпиша законот за привремено финансирање на федералните агенции

Вашингтон, 21 декември 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го потпиша нацрт-законот за привремено финансирање на федералните агенции, избегнувајќи затворање на владата, откако Конгресот го усвои законот.

Пакетот ја финансира владата на сегашното ниво до 14 март и вклучува 100 милијарди долари помош при катастрофи и едногодишна сметка за земјоделството, објави Ен-би-си.

Белата куќа во соопштението наведе дека законот е потпишан, но дека Бајден се уште јавно не се изјаснил по објавувањето.

Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, вчера изјави дека Бајден го поддржал нацрт-законот усвоен од Конгресот.

Законот не содржи одредба за суспендирање на лимитот на долгот, што беше едно од барањата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој инсистираше проблемот со долгот да се реши во наредните месеци.

Сенатот го усвои нацрт-законот за финансирање во текот на ноќта, набргу откако беше усвоен од Претставничкиот дом. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан