• недела, 05 мај 2024

Кошаркарскиот клуб ,,Клубски Патриот" од Делчево ја промовираше сезонската карта за новата сезона

Кошаркарскиот клуб ,,Клубски Патриот

Делчево, 12 октомври 2023 (МИА) - Кошаркарскиот клуб „Клубски Патриот" од Делчево ја промовираше сезонската карта за сите натпревари на клубот во сезоната 2023/24.

Како што информираше тренерот Љупчо Петровски сезонскиот билет ќе важи за сите 50 натпревари во машка и женска конкуренција во кои екипата се натпреварува.

-Сезонскиот билет ќе важи за двајца, а ќе чини 1000 денари. Гледачите ќе имаат можност да изгледат 50 натпревари во сите категории во која ќе се натпреваруваме оваа сезона. Истиот ќе важи за настапите на кошаркарките во Првата Б Лига како и во 
М12, М14, М16 и M18 лигите во женска конкуренција и М14 за мажи, информираше Петровски.

Во меѓувреме екипата која се натпреварува во М-14 конкуренција ја забележа и првата победа во првенството.

-Забележавме убедлива понеда над Баскет Дино од Кочани. Доминиравме во секој поглед од кошаркарската лига и ако вака продолжиме не се сомневаме дека повторно ќе се бориме на највисоки дострели, додаде Петровски.

Упати апел до љубителите на кошарката од Делчево да набават сезонска карта и со тоа да и помогнат на екипата за подобро функционирање.вс/свс

Фото: МИА

Остани поврзан