• понеделник, 13 мај 2024

До верниците честитка по повод Велигден упатија градоначалникот на Пустец , МД „Илинден“ и МАЕИ

До верниците честитка по повод Велигден упатија градоначалникот на Пустец , МД „Илинден“ и МАЕИ

Дебар, 5 мај 2023 (МИА) - По повод Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, честитка до верниците упатија градоначалникот на Пустец,  македонското  друштво „Илинден“-Тирана и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

- Од мое и од име на Советот и општинската администрација честитки до сите православни верници за најголемиот и најзначаен празник Христовото воскресение. Ви посакувам честит и благословен Велигден, мир,  здравје,   радост, благосостојба, хармонија, наведува во честитката градоначалникот на Пустец,  Пали Колефски.

Честит и вековит  Велигден на православните верниците во Република Албанија, во матичната земја Северна Македонија и во целиот свет им посака македонското друштво „Илинден“-Тирана.

-Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, а во нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отворете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас,  стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

И единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ упати честитки по повод Велигден.

-Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме  достојно празнување на овој светол ден, кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата. Христос Воскресна, навистина Воскресна! Нека е честит и за многу години, пишува во честитката МАЕИ. вт/вг/

Фото: општина Пустец

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан