• понеделник, 13 мај 2024

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Скопје, 5 мај 2024 (МИА) - Мир, спокој, здравје и љубов за сите православни христијани, посака денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од пред Соборниот храм, честитајќи го Христовото воскресение - Велигден.

- Посакувам да се сакаме, да се почитуваме, да имаме обѕир еден кон друг, да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да покажуваме грижа еден кон друг, секој еден ден во годината. Нека е за многу години денот и празникот, порача Арсовска. бд/вг/

Фото и видео: МИА

Остани поврзан