• четврток, 14 ноември 2024

Конкурс за обука за личен асистент на лица со попреченост во Струга

Конкурс за обука за личен асистент на лица со попреченост во Струга

Струга, 12 септември 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Струга распиша конкурс за обука за личен асистент на лица со попреченост.

Кандидатите треба да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат општа психо-физичка способност за работа, минимум основно образование и да се мотивирани да работат со лица со попреченост.

Конкурсот е отворен до 22 септември, а сите заинтересирани кандидати над 18 години може да се пријават на struga@redcross.org.mk, на телефон 046 786 014 или во просториите на Црвен крст Струга. сс/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан