Директорите на „Чистота и Зеленио“ и КПУ Затвор – Куманово потпишаа Меморандум за соработка за општокорисна работа на осудените лица
- ЈП „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово потпишаа Меморандум за соработка, со цел организирање општокорисна работа за осудени лица, соопштија денеска од претпријатието.

Куманово, 15 јануари 2025 (МИА) - ЈП „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово потпишаа Меморандум за соработка, со цел организирање општокорисна работа за осудени лица, соопштија денеска од претпријатието.
Соработката има за цел да го поддржи ресоцијализацискиот процес на осудените лица преку нивно активно вклучување во активности кои придонесуваат за чистење и одржување на јавните простори во општината.
- Очекуваме наскоро да бидат ангажирани осудените лица и да помогнат во одржувањето на хигиената на повеќе локации на подрачјето на општината. Претходните искуства покажуваат дека бенефитот е одличен и за самите осудени лица, им помага во нивниот процес на ресоцијализција, но и за претпријатието, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.
Соработката, нагласуваат од двете институции е во согласност со законските регулативи и се реализира со цел подобрување на условите за живот на заедницата, како и поттикнување одговорност и ангажираност кај осудените лица.
- ЈП „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово се посветени на одржување на партнерски однос и заеднички придонес за почиста и поуредна средина, велат од институциите.
Претходно, КПУ Затвор – Куманово потпиша Меморандум за соработка и со Општа болница Куманово. ам/дма/
Фото: ЈП „Чистота и Зеленило“