• недела, 19 мај 2024

Командант на елитната единица на Хезболах убиен во израелски напад

Командант на елитната единица на Хезболах убиен во израелски напад

Бејрут, 8 јануари 2023 (МИА) - Висок командант на вооружената група Хезболах е убиен денеска во израелски воздушен напад во јужен Либан, објавија официјални лица.

По должината на либанско-израелската граница се интензивираа судирите меѓу војниците на групата Хезболах поддржана од Иран и израелската армија.

Пред околу една недела во израелски напад загина еден од највисоките функционери на палестинската вооружена група Хамас во Бејрут, по што Хезболах во знак на одмазда изврши ракетен напад врз израелската воена база на планината Мерон на северот на Израел.

Израелската армија се уште не го коментираше денешниот напад. Се наведува дека воените авиони ја гаѓале инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан.

Либански безбедносен претставник рече дека Израел убил командант на елитната единица на Хезболах - Радван, но не го наведе неговото име.

„Израел во јужното село Кирбет Селм гаѓаше теренско возило управувано од командант“, рече официјалниот претставник. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан