• петок, 17 мај 2024

Кинотека: Достапна платформата „Mobireel.eu“ која нуди обука за дигитализација

Кинотека: Достапна платформата „Mobireel.eu“ која нуди обука за дигитализација

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) - НУ Кинотека на Северна Македонија соопшти дека веб-платформата „Mobireel.eu“ е активна и е достапна за сите граѓани. Платформата е дел од проектот „MobiReel“ и нуди обука за дигитализација на таканаречените домашни филмови, снимени на ВХС, СВХС, 8мм, 9,5мм, 16мм.

Веб-платформата може да се користи во пет јазични верзии - македонски, англиски, германски, холандски и бугарски јазик. Ова е резултат на соработката на Кинотеката со Бугарија (SCAS и Народна библиотека „П. Р. Славејков“) , Германија (Zeutschel) и Холандија (ERfgoedcentrum De Domijnen) како дел од проектот Мобилна евтина дигитализација на винтиџ филмови „МобиРеел“ во рамките на ЕРАСМУС + програмата.

Од Кинотеката информираат дека секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката, а со успешно завршување на обуката се добива европски акредитиран сертификат.

-Активен е и Јутјуб каналот на проектот и сите можете да ги видите кратките видеа снимени од партнерските земји, направени за потребите на проектот: пет видеа за различните единици/модули што ги произведоа проектните партнери. Видеата се кратки објаснувања за темите на модулот. На каналот исто така можат да се видат и неколку кратки веќе дигитализирани филмови, соопштија од Кинотека.

Како што посочуваат, како дел од проектот во моментот се работи и на снимање и на ново видео, а се подготвува и прирачник кој ќе биде достапен и онлајн.бт/дма/

Фото: принтскрин

Остани поврзан