• петок, 28 јуни 2024

Кина изрази противење на негативната оценка во трговскиот извештај на Америка

Кина изрази противење на негативната оценка во трговскиот извештај на Америка

Пекинг, 2 април 2024 (МИА) – Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека се противи на американскиот извештај за надворешно-трговските бариери, во кој се вели дека Кина е земја која претставува „клучна грижа“ за Вашингтон.

Американскиот извештај за проценката на надворешно-трговските бариери, објавен на 29 март, „не даде никаков доказ дека релевантните политики и практики на Кина ги прекршиле правилата на Светската трговска организација (СТО), но ја обвини Кина дека има непазарни бариери во земјоделството и политиката на податоци“, изјави портпаролот на кинеското министерство.

Тој рече дека Америка треба да престане „лажно да обвинува“ други земји, како и да ги почитува правилата на СТО и да одржува фер меѓународен трговски поредок. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан