• сабота, 29 јуни 2024

Ердоган: Турција е подготвена да ги нормализира односите со Сирија

Ердоган: Турција е подготвена да ги нормализира односите со Сирија

Анкара. 28 јуни 2024 (МИА) – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара е подготвена за нормализирање на односите со Сирија.

- Нема причина зошто да не се воспостават дипломатски односи. Со други зборови, ќе дејствуваме заедно во развивањето на соработката со Сирија, исто како што правевме во минатото, посочи Ердоган.

Тој додаде дека Турција нема за цел да се меша во внатрешните работи на Сирија.

На почетокот на месецот турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер изјави дека Анкара би можела да размисли за повлекување на војниците од сириска територија, а услов за тоа ќе биде безбедноста на границата на Турција.

Минатиот месец турскиот весник „Хуриет“ објави дека Вашингтон создава „мал Израел“ на границата со Турција со помош на милитантите на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија, додека меѓународната заедница е „преокупирана“ со конфликтите во Појасот Газа и во Украина. Турција ја обвинува Сирија за поддршка на ПКК. За Анкара ПКК и нејзините ограноци се главна закана за безбедноста на Турција. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан