• сабота, 29 јуни 2024

Предизборната кампања на Бајден собрала 14 милиони долари по телевизиската дебата со Трамп

Предизборната кампања на Бајден собрала 14 милиони долари по телевизиската дебата со Трамп

Вашингтон, 28 јуни 2024 (МИА) - Предизборниот штаб на американскиот претседател Џо Бајден објави дека кампањата собрала 14 милиони долари од донации на денот на првата телевизиска дебата со поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

Од штабот на Бајден соопштија дека најголемиот приход од донации од почетокот на кампањата е постигнат во периодот од 23:00 часот до полноќ, еден час по крајот на телевизиската дебата во студиото на Си-Ен-Ен во Атланта, Џорџија. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан