• недела, 22 декември 2024

Иран го продолжи изборниот ден по повикот на врховниот лидер за висока излезност

Иран го продолжи изборниот ден по повикот на врховниот лидер за висока излезност

Техеран, 28 јуни 2024 (МИА) - Иранските власти го продолжија изборниот ден за претседателските избори за два часа, до 20:00 часот по локално време, поради големата излезност.

Иранската државна телевизија прикажа снимки од долги редови пред избирачките места. Често се случува гласањето во Иран да продолжи до полноќ. Властите соопштија дека резултатите од претседателските избори ќе бидат објавени утре.

Претходно денеска, врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хаменеи, повика на висока излезност. Опонентите на властите тврдат дека падот на излезноста во последните години ја покажува разнишаната легитимност на системот.

Овие вонредни претседателски избори се организираат откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина минатиот месец во хеликоптерска несреќа, заедно со шефот на дипломатијата.

Околу 61 милион гласачи се повикани да изберат наследник на Раиси. Советот на чуварите, исклучително конзервативно надзорно тело, одобри само шест кандидати за изборите. Двајца радикални конзервативни кандидати вчера соопштија дека се повлекуваат од претседателската трка во Иран. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан