• сабота, 29 јуни 2024

Украина тврди дека уништила сателитски комуникациски центар на Крим

Украина тврди дека уништила сателитски комуникациски центар на Крим

Киев, 28 јуни 2024 (МИА) - Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските вооружени сили оваа недела уништиле руски центар за сателитска комуникација на Кримскиот Полуостров.

Во објавата на апликацијата Телеграм, Министерството наведува дека целта е „вреден воен компонент во сателитската комуникација и системот за насочување на руските сили“.

Западни медиуми посочуваат дека во моментов не може од независен извор да се потврди оваа информација.

Во понеделникот, на социјалните мрежи се појавија информации за експлозии во близина на селото Витино на Кримскиот Полуостров, каде што е лоциран комуникацискиот центар. ссм/

фото: архива

Остани поврзан