• вторник, 07 мај 2024

Катар: Индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа сè уште траат

Катар: Индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа сè уште траат

Доха, 26 март 2024 (МИА) - Властите на Катар денеска соопштија дека индиректните преговори меѓу палестинското екстремистичко движење Хамас и Израел се уште траат на ниво на технички тимови.

- Ги продолжуваме нашите посреднички напори со нашите партнери, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Мајед Ал-Ансари на прес-конференција во Доха.

Тој додаде дека на терен има потешкотии во однос на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

– Нема утврдена временска рамка за индиректни преговори, посочи Ал Ансари.

Израелската влада претходно денеска го повлече својот преговарачки тим од индиректните разговори со Хамас во Доха, обвинувајќи ја палестинската група дека не е заинтересирана за продолжување на разговорите, откако наводно го отфрлила компромисот со посредство на САД, пренесува Анадолија.

Хамас вчера соопшти дека сè уште се држи до првичниот предлог изнесен пред две недели за прекин на огнот. Палестинската група рече дека одговорот на Израел на предлогот за прекин на огнот не ги исполнува палестинските барања.

Хамас бара прекин на израелската смртоносна офанзива на Појасот Газа и повлекување на израелските сили од територијата за каков било договор за размена на заложници и заробеници. ссм/

фото: архива

Остани поврзан