• понеделник, 23 декември 2024

Еслами: Позитивни се разговорите помеѓу Иран и МААЕ

Еслами: Позитивни се разговорите помеѓу Иран и МААЕ

Техеран, 7 мај 2024 (МИА) – Разговорите меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се позитивни и продуктивни, изјави денеска шефот на иранската нуклеарна програма Мохамед Еслами на заедничката прес-конференција со генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси во иранскиот град Исфахан.

- Продолжуваме да одржуваме односи за отворени прашања, вклучително и прашања за двете локации (каде што е пронајден ураниум), посочи Еслами.

Иран збогатува ураниум до 60 проценти чистота, што е блиску до деведесет отсто потребни за развој на оружје. Според критериумите на МААЕ, доколку пронајдените материјали дополнително се збогатат, тогаш тие би биле доволни за две нуклеарни оружја. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирнодопски цели.

Гроси вчера пристигна во Иран со надеж дека ќе го зајакне надзорот на МААЕ врз иранската нуклеарна програма по низата неуспеси. Во 2023 година, Техеран и даде сеопфатни гаранции на МААЕ дека ќе соработува со долго одложуваната истрага за честичките од ураниум пронајдени на непријавени локации и дека ќе инсталира објекти за мониторинг. Но, според МААЕ таквите уверувања не вродија со плод. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан