• среда, 17 јули 2024

Казни за 92 возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Казни за 92 возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Во спроведената контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената вчера во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица,  биле констатирани 92 пречекорување на брзината.

Како што денеска информираа од МВР, од нив 37 на подрачје на Радовиш, 35 на подрачје на Струмица, 15 на подрачје на Валандово и пет на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/бак/

Остани поврзан