• сабота, 18 мај 2024

И градоначалникот на албанскиот град Кучево мора на суд за фалсификување податоци за декриминализација

И градоначалникот на албанскиот град Кучево мора на суд за фалсификување податоци за декриминализација

Тирана, 10 јануари 2024 (МИА) - Судот во Тирана почна постапка против градоначалникот на градот Кучово, Крешник Хајдари, кого го товари за "фалсификување податоци во формуларот за декриминализација”.

Неговите адвокати на првата судска расправа се согласиле на скратена постапка, што ќе услови намалување на казната, доколку му биде изречена.

На крајот на јуни минатата година Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, објави дека е почната истрага против градоначалникот Хајдари, по што од грчкото Министерство за правда било побарано, а во ноември стигнал потврден одговорор дека Хајдари бил осудуван во оваа земја.

Министерството во одговорот ја доставило одлуката на судот во Јанина, со која Хајдари, во јуни 1999 година, како 17-годишник, бил осуден за „илегално влегување на грчка територија“ и му изрекол парична казна во износ од 1.500 драхми и мерка протерување.

Тоа што го сомничи Хајдари во овој случај е фактот што тој не ја пријавил оваа казна во формуларот за декриминализација, па на локалните избори на 14 мај минатата година беше реизбран за градоначалник.

Идентичен беше случајот и со ексградоначалниците на Малакастра, Ќерим Исмаилај и на Вора, Агим Кајмаку, кои исто така биле осудувани во Грција, по што беа разрешени. вт/сд/


Фото: Хајдари ФБ

Остани поврзан